Достапни линкови

Мечти за државна служба или надвор од Македонија


Илустрација: Работен клуб во Центарот за вработување во Тетово.
Илустрација: Работен клуб во Центарот за вработување во Тетово.

Бројките покажуваат дека голем дел од младите во Македонија зависат од примањата на родителите, а мал дел од нив се запознаени со работата на надлежните што треба да помогнат за вработување.

Речиси половина од младите во Македонија се невработени, покажува истражувањето на организацијата „Реактор“. Поконкретно, 45,8 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години не работат, покажуваат сумарните резултати од испитувањето на репрезентативен примерок од 1.064 млади луѓе во 2012 година. За овие податоци разговараме со претставникот на Реактор Неда Коруновска.
Никако, ние создаваме нов антиевропски стандард. Кога настана глобалната економска криза, во Европа и во светот глобално настана огромна паника поради тоа што младите беа најмногу погодени, меѓутоа таму невработеноста се брои малку поинаку. Значи целата таа паника настана поради пораст од 11 отсто невработеност на младите на 13 отсто невработеност на младите. Значи, агенциите ги преиспитуваа своите мерки, зошто се случува тоа.
Неда Коруновска, Реактор.

РСЕ: Како реагираа наделжните институции на резултатите од вашето истражување?

Па се уште немаме официјална реакција, меѓутоа нас не интересираше колку навистина активните мерки што ги спроведува Агенцијата за вработување допираат до засегнатите страни, а тоа се невработените млади, оние што бараат работа и на кои се однесуваат мерките. Резултатите, според нас, не се добри, бидејќи, иако сите се пријавени во Агенцијата за вработување, дури 82,5 отсто се изјасниле дека од Агенцијата за вработување не добиле никаква помош или совет при барањето работа, 11 отсто добиле совет за тоа како да бараат работа, а 5 проценти добиле информација за слободно работно место. Само 2,6 проценти учествувале во некаква обука од Агенцијата, меѓутоа 26 проценти знаат за некој којшто се вработил како резултат на тие активни мерки.
Кога станува збор за активности коишто се директно поврзани со Стратегијата за млади, усвоена во 2005 година, можеме да забележиме дека многу ретко се користат со овој документ и многу ретко ги синхронизираат своите политики во согласност со Стратегијата за млади. Можеби тоа е една од основните причини поради коишто бележиме дека има многу мала активност во делот на спроведување на Стратегијата за млади, посебно кога станува збор младинско вработување.
Зоран Илиоски, коалиција на невладини организации „Сега“.

РСЕ: Постојано се зборува за некакви европски стандарди кога станува збор за младите, зборот европски премногу се споменува. Дали во однос на вработувањето на младите имаме европски стандарди?
Зоран Илиоски, коалиција на невладини организации „Сега“.
Зоран Илиоски, коалиција на невладини организации „Сега“.

Никако, ние создаваме нов антиевропски стандард. Кога настана глобалната економска криза, во Европа и во светот глобално настана огромна паника поради тоа што младите беа најмногу погодени, меѓутоа таму невработеноста се брои малку поинаку. Значи целата таа паника настана поради пораст од 11 отсто невработеност на младите на 13 отсто невработеност на младите. Значи, агенциите ги преиспитуваа своите мерки, зошто се случува тоа. Кај нас, дури ОН ја прогласија минатата година за година на невработеност на младите за да може да дадат поддршка и на националните влади да реагираат, меѓутоа кај нас, иако мнозинството млади се дологорочно невработени, ниту се зборуваше, ниту мислам дека доволно се адресира тој проблем, едноставно се занемарува како проблем и не го добива вистинското внимание.

РСЕ: Лаичка реакција би било дека со толкава стапка на невработеност кај младите би имало социјални немири. Што го држи социјалниот мир?
Секој бара преку врски, а сите компании се поврзани со владата, така што која партија е на власт, таа одлучува и за приватните компании, барем мнозинството. Што се однесува до опозицијата – и тие ги имаат своите врски.
Анкетиран граѓанин.

Не знам сега колку е коректно, меѓутоа на првиот состанок што го имавме со Агенцијата за вработување, со Секторот за истражување, истото беше искоментирано и од надлежните. Тие рекоа не е возможно да има толку невработени, да беше така ќе имаше немири, многу луѓе по контејнери и тн. Значи има една недоверба на институциите во самите податоци со коишто тие располагаат, меѓутоа она што излезе од нашето истражување е дека сепак тој мир го држат фамилиите, вели Коруновска.

Бројките дополнително покажуваат дека 32,9 проценти од испитаниците барале работа повеќе од една година пред да се вработат

Стратегија - или ја нема или стои во фиока

И на моето дете сум почувствувал, и едната бара работа и другата, магистар на науки е, а јас да и плаќам придонеси да биде продавачка, мислам жално е.
Анкетиран граѓанин.
Пред неколку години во Македонија се промовираше стратегијата за млади. На 23 страници зборовите „Европа“ и „европски“ се споменуваат шеснаесетина пати. Во делот насловен „Младинско самовработување и поддршка пред вработување“ се користат референци од Европски насоки за вработување, како и од Стратегијата за евроинтеграции на земјава. Се поставува прашањето како може да се спроведе ваква стратегија во случај кога недостасуваат стратешките документи во поглед на евроинтеграциите? Координаторот на европската ФП 7 програма Виолета Атанасовска од Министерството за образование и наука во една прилика посочи дека интензивно се работи на ова прашање

„Друга работа што беше спомената овде дека отсуствуваат стратешките документи, тоа исто така е вистина, меѓутоа мора да напоменам дека сега веќе се работи на нив, во фаза на изготвување е Национална стратегија за иновации којашто се работи во Министерството за економија.“
Точни обврски кои треба да ги извршува на своето работно место, кои знаеме дека во јавната администрација се многу малку, контролата дали тоа го направиле добро или лошо исто така е на многу ниско ниво, така што гледаат дека не треба многу да се трудат за полно работи кога работат на тоа работно место.
Синиша Пекевски, тренер за претприемништво.

Што е со Стратегијата за млади, која барем во делот на поддршка при вработување се повикува на европските насоки? Зоран Илиоски од коалицијата на невладини организации „Сега“ вели дека надлежните институции преземаат одредени мерки за вработување.

„Но, кога станува збор за активности коишто се директно поврзани со Стратегијата за млади, усвоена во 2005 година, можеме да забележиме дека многу ретко се користат со овој документ и многу ретко ги синхронизираат своите политики во согласност со Стратегијата за млади. Можеби тоа е една од основните причини поради коишто бележиме дека има многу мала активност во делот на спроведување на Стратегијата за млади, посебно кога станува збор младинско вработување.“
Синиша Пекевски, тренер за претприемништво.
Синиша Пекевски, тренер за претприемништво.

За жал ова е случај и во министерствата, вели Илиоски.

„Многу ретко, министерствата меѓусебно ги синхронизираат своите стратегии или своите политики коишто долгорочно ги донеле и своите нови активности ги базираат врз основа на нови наоди“, вели Илиоски.

Што мислат младите и нивните родители за напорите на надлежните институции на тема вработување?
Законот може да биде решение, но и не мора да биде. Ние имаме и други закони коишто се донесени, а ништо не помогнале во решавање на проблемот. Ако веќе дискутираме за ова на нивно на јавни политики, треба да споменеме дека доказ дека не мора да значи дека законот нешто ќе реши е постоењето на стратегија којашто досега не се применува, донесена е 2005 година, тоа е Националната стратегија за млади со рок на трање од 10 години, повеќе од половина од времето е истечено, таа не се применува.
Бојан Марикиќ, Македонски центар за европско образование.

„Секој бара преку врски, а сите компании се поврзани со владата, така што која партија е на власт, таа одлучува и за приватните компании, барем мнозинството. Што се однесува до опозицијата – и тие ги имаат своите врски.“

„И на моето дете сум почувствувал, и едната бара работа и другата, магистар на науки е, а јас да и плаќам придонеси да биде продавачка, мислам жално е“, велат анкетираните граѓани.

Минатата година Агенцијата за вработување најави спроведување на долгорочен проект со основни цели за вработување и задржување на што повеќе лица на работно место. Близу 500 млади лица кои немаат искуство и работа најмалку 1 година се вклучуваат во проектот.

Сите сакаат „клати врата, земај плата“

Пријателски врски, интервенции, партиски книшки и роднини на позиција. Многумина млади зад микрофон коментираат дека барем еден од овие неколку, условно кажано, квалификации се пресудни за вработување. Во истражувањето на невладината „Реактор“, речиси 32 проценти од испитаниците одговориле дека сакаат работа во државната администрација или јавниот сектор. Наспроти тоа речиси 30 отсто одговориле дека сакаат сопствен бизнис. Што ја предизвикува ваквата поделеност? Тренерот за претприемништво Синиша Пекевски вели дека загаринтираниот приход на крајот од месецот ја подгорува желбата за државна служба.

„Потоа точни обврски кои треба да ги извршува на своето работно место, кои знаеме дека во јавната администрација се многу малку, контролата дали тоа го направиле добро или лошо исто така е на многу ниско ниво, така што гледаат дека не треба многу да се трудат за полно работи кога работат на тоа работно место.“

Наспроти тоа, кога младиот човек ќе се одлучи за сопствен бизнис, обврските и одговорноста се поголеми, смета Пекевски.

„И на крај никој не ти ветува дека ќе го земеш тој сигурен приход на крај на месецот доколку работиш свој бизнис, ако не сработиш нема да има што да земеш“, вели Пекевски.

Интересен податок од невладиниот сектор е одговорот на анкетирани над 1.000 млади луѓе во врска со нивната најважна цел во животот. Само една четвртина од запрашаните го избрале успехот на работното место, додека останатите се целат кон добар семеен живот(опција која во истражувањето на „Реактор“ ја избрале 43.8 од испитаниците).

Законите не се само за носење, туку и за спроведување

Законот за млади неодамна предизвика остри реакции во јавноста. Предложената легислатива се повлече откако, меѓу другите, реагираа и од меѓународната заедница. Дали со закон може да се решат проблемите на младите во земјава, меѓу кои и невработеноста? На оваа тема следува разговорот со Бојан Марикиќ од Македонскиот центар за европско образование(МЦЕО).

„Законот може да биде решение, но и не мора да биде. Ние имаме и други закони коишто се донесени, а ништо не помогнале во решавање на проблемот. Ако веќе дискутираме за ова на нивно на јавни политики, треба да споменеме дека доказ дека не мора да значи дека законот нешто ќе реши е постоењето на стратегија којашто досега не се применува, донесена е 2005 година, тоа е Националната стратегија за млади со рок на трање од 10 години, повеќе од половина од времето е истечено, таа не се применува. Значи, истото може да биде и со законот, ние може да донесеме закон, прашањето е кои ќе бидат ефектите од тој закон или ќе остане на хартија. Меѓутоа уште пострашно е ако ги заостри проблемите коишто ги имаат младите. Тој закон, како што беше предложен во првичната верзија, имаше во себе големи, крупни недостатоци коишто гарантираат дека само младите ќе бидат ставени во некаква државна рамка, а никако нема да се обезбеди нивно учество во процесот на донесување на одлуки, ниту да се слушне нивниот глас. Пред се постоеше еден модел на консултација во којашто доминираа членови од владините министерства или од државните органи“, вели Марикиќ.

РСЕ: Погрешно би било да се заклучи дека со овој закон ќе настанеше партизација на младите во Македонија?

Беше одлична основа за партизација на младите од една страна, а од друга страна имаше пререгистрација, значи посебен регистар на младински организации во Агенцијата за млади и спорт, каде што таа агенција имаше право да одбие да регистрира некоја организација како младинска, вели Марикиќ.

Во поглед на вработувањето, како еден од клучните делови на младинскиот развој, бројките покажуваат дека речиси 68 проценти од младите живеат од парите на родителите, додека близу 18 проценти работат за сопствени пари.

Тешко на тие што ќе се вратат од странство

На младите во Македонија често им се нуди можноста за школување или доостручување во странство. Лаички гледано, неостварена желба на дел од младите им е да заминат во странство. Но дали откога ќе се вратат во Македонија, младите кои се школувале по поинакви стандарди имаат можност да го применат наученото? Антоанета Иванова, коосновач на организацијата „Млади Инфо“ вели дека образованите од областа на техничките науки можеби можат полесно да го применат знаењето стекнато во странство.

„Додека, пак, за оние коишто се од општествените науки, коишто по некоја логика на нештата би требало да работат нели или во државни институции или на универзитетите или други соодветни институции, можеби не би можеле да одговорат на ист начин. Сепак, Македонија се уште ги применува тие европски закони или европски регулативи, така што се уште не е на тој стадиум за да тие би можеле навистина да ги применат знаењата што ги стекнале надвор.“

Дали дипломата од странски универзитет е гарант за вработување во странство, доколку во Македонија нема простор за одредена струка? Иванова одговара:

„Јас мислам дека сепак се зависи од тоа како ќе се снајдете надвор. Доколку тоа што вие сте го научиле, добиете шанса, а сигурна сум дека сите што заминале надвор размислувале дека и понатаму ќе останат надвор, значи не верувам дека некој, освен ако не бил принуден со некаква стипендија да мора да се врати во Македонија, меѓутоа мислам дека најголем дел од луѓето коишто заминуваат веќе се свесни дека со самиот факт што заминуваат надвор да се школуваат, дека можеби шансата по школувањето ќе ја добијат токму надвор и дека таму ќе можат навистина да се вложат себеси.“

Меѓутоа, таму надвор не сте само вие, вели Иванова.

„Таму има огромна конкуренција којашто всушност ве става на еден отворен пазар. Можеби сте и на некој начин малку дискриминирани затоа што доаѓате од земја којашто не е членка на ЕУ, па треба да се потрудите да си го легализирате престојот. Така што голем дел од младите се соочуваат со тоа дека ќе мора да се вратат во Македонија, а треба да бидат свесни дека Македонија во некои стадиуми се уште не е на тој степен на развој за да може да им овозможи буквално пренесување на тоа што го научиле.“

Колку образованието влијае врз вработеноста во земјава? Заклучок од едно истражување спроведено во 2010 година покажува дека на македонскиот пазар на труд, шансите за вработување на младите со завршено средно образование и завршено високо образование се мали и еднакви.
XS
SM
MD
LG