Достапни линкови

Cogito Ergo Zoom


Борче Стамов, потпретседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Борче Стамов, потпретседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

И се е во ред со младинскиот активизам се додека некој повисок во хиерархијата не му шепне на младиот дека тој треба да се чувствува потиснат од режимот, дека во негов интерес е тој еден ден да дава изјава како претставник на невладина организација, а другиот ден да изнесува партиски ставови, пишува потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Стамов во колумна за Радио Слободна Европа.

Некои доаѓаат сега, а некои се откажуваат. Некои бараат забава, а некои бараат начин да излезат од конфузијата. Некои не знаат кон што да се приклучат, а некои не знаат што да прават таму. Некои му веруваат на својот инстинкт дека нешто недостасува, а некои чувствуваат дека не можат да си го најдат своето место во општеството.
Имајќи привилегија да живееме во време кога се случуваат огромни промени и навидум случајности, имаме и можност да се собереме во сноп, баш ко прачки. Да си ги накалемиме чистината и љубовта кон она што не поврзува, за да израснеме во стебло. Стебло со длабоки, древни корења, чие што стебло конечно ја проби земјината кора и почна да расте угоре. До каде, зависи од сите нас. Под нас подразбирам - македонска младина застаната зад една вистина, доволно силна да застане и пред истата и да си ја одбрани. А еден од нас кажа, Македонија е Вистината.

Вака ги опишува младите во едно општество контроверзниот реге-пејач Матисјаху, Евреин од Бруклин. И веројатно тоа е универзална дефиниција, без разлика на кое општество припаѓаме.

Во својата природа, младиот човек е бунтовен. Му пречат работите што не му се допаѓаат и секој од нив, секој на свој начин, се обидува тоа да го промени. И тоа е добро. Ако не знаеш, прашај ги младите – тие знаат се’.

И се е во ред со младинскиот активизам се додека некој повисок во хиерархијата не му шепне на младиот дека тој треба да се чувствува потиснат од режимот, дека во негов интерес е тој еден ден да дава изјава како претставник на невладина организација, а другиот ден да изнесува партиски ставови. И од сето тоа излегува една смешна импровизација, ниту шефот ја постигнал целта за добивање на евтини политички поени, ниту младиот успеал некого да дискредитира со своите ставови, туку обратно, како што велат нашите постари, со свој камен по глава.

Не би било тоа толку важно, ако се нема предвид дека, со ваквите непромислени постапки, во крајна мера се дискредитира младинската мисла, кој по дефиниција треба да биде креативна и конструктивна. Негувањето на бунтовниот дух, негувањето на принципиелноста, која треба да се има кога се работи за младинско работење, е обврска за секоја младинска организација. Таа обврска, треба да ја почитува секој млад човек доколку тој сака да работи во интерес на младите и вистински сака да ги исполни своите цели и визија за тоа како го замислува своето општество како подобро место за живеење. Тие се принципите, доколку не ги почитуваш не може да очекуваш да бидеш сфатен сериозно.

Младите се мотор на општеството, а и на партиите како дел од него. Тие кои вистински го разбираат ова, добиваат еден непроценлив адут за новото време, уште повеќе кога станува збор за политички организации. Но, мотор без гориво не работи, сведочиме за aктивноста и движечката сила која што полека, но сигурно си го добива своето место во хиерархиската поставеност. Дали бунтовноста или немоќта се горивото на нашата младина?

Бунтовни поради тоа што секој ден некој не суди, преименува, ни става превез од кој не можеме да го видиме ни утрешниот ден. Немоќни да го промениме импринтот на „вака се одвиваат работите“! Немоќни или се плашиме? Брза кучка, слепи кучиња раѓа, ми рекоа во дворот на еден пријател, од брзање сме можеле да изгориме!? Она што со години е работено за денес да го чувствуваме како не притиска и ни ја одзема силата полека, но сигурно си доаѓа кон крајот.

Свесни сме за силата која што ја има младата македонска интелигенција. Свесни сме за умешноста и знаењето на многумина од нас. Свесни сме и дека ни е страв. Страв од промени, бидејќи сепак, за волја на вистината, многумина се преплашени од фактот што може брзо да согорат. Но, горивото што го имаме во нашата крв е вечно, нo гори бавно.

Македонската младина била движечка сила и пред 120 години, групирајќи се во тајни кружоци низ дијаспората, одиграле улога на пророци, навестувајќи ни дека еден ден сепак ќе имаме своја држава! Се арчеа, но не изгореа во пепел, генот е присутен во нашата крв - вистинското гориво на моторот на секоја држава - младината. Секој може да ни укаже какви сме, вакви или онакви, умешни или не, но никој не може да го оспори фактот дека - заедно сме посилни. Исто, како во приказната со скараните браќа – Една прачка полесно се крши, а повеќе помачно.

Имајќи привилегија да живееме во време кога се случуваат огромни промени и навидум случајности, имаме и можност да се собереме во сноп, баш ко прачки. Да си ги накалемиме чистината и љубовта кон она што не поврзува, за да израснеме во стебло. Стебло со длабоки, древни корења, чие што стебло конечно ја проби земјината кора и почна да расте угоре. До каде, зависи од сите нас. Под нас подразбирам - македонска младина застаната зад една вистина, доволно силна да застане и пред истата и да си ја одбрани. А еден од нас кажа, Македонија е Вистината.

Уште еден Евреин, Роберт Цимерман, не толку одамна, пред само 50 години ги повика „Децата на цвеќето“ „да почнат да пливаат ако не сакаат да се удават“, им напомена дека стариот пат забрзано остарува, па да побрзаат да се приклучат на новиот... за времињата кога сите се менуваат. Сакале или не, природна работа е тоа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG