Достапни линкови

Хрватска планира влез во Шенген зоната во 2015 година


Хрватска планира да влезе во Шенген зната во која нема гранична контрола две години по зачленувањето во ЕУ, на 1 јули 2013 година, најави министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ, кој во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за правосудство и внатрешни работи.
Хрватска до крајот на оваа година на своите граници, кои наскоро ќе станат надворешни граници на ЕУ, ќе постави нови 450 гранични полицајци, а треба да се довршат и граничните премини и опремата за граничната полиција.
Хрватска од 1 јули 2013 година, кога ќе влезе во ЕУ, ќе има право на 120 милиони евра за набавка на хеликоптери за надѕор на надворешните граници на ЕУ.
XS
SM
MD
LG