Достапни линкови

ДУИ бара неселективност при откривањето на предизвикувачите на меѓуетничките тепачки во скопските автобуси.

Група од 6 до 7 момчиња со палки и ножеви синоќа пред полноќ претепала двајца браќа. Според информациите на МВР, инцидентот се случил во скопската населба Ѓорче Петров во непосредна близина на фудбалскиот клуб Македонија. Двајцата браќа се згрижени во болница, а полицијата трага по сторителите кои по инцидентот побегнале.
Претседателството побара да нема селективен пристап при откривање на ваквите случаи, со цел да се зголеми довербата кај граѓаните, меѓутоа да се придонесе во смирување на состојбата.

За актуелните тензии вчера на вонредна седница разговараше ДУИ. Оваа партија бара да не се потценува влијанието на серијата инциденти врз стабилноста на државата. Претседателството на партијата на вчерашната вонредна седница разговарало за сите досегашни инциденти, од скандирањата на спортските терени, преку трагичниот настан во Гостивар, до тепачките во автобусите на ЈСП и ги нарече провокации.
null

null


Портпаролот на ДУИ Бујар Османи наведува дека има потреба од внимателност и во однос на мерките што ќе се преземаат во иднина со цел смирување на ситуацијата и нагласува дека сите политички фактори треба да работат врз смирување на тензиите.
Според имињата, се чини дека се вмешани етнички состави, дел од овие инциденти се расчистени, на дел се уште се работи, меѓутоа неминовно сите сторители на кривични дела или на прекршувања на јавниот ред и мир ќе се соочат со санкции, бидејќи насилството не може и не смее да се толерира без разлика од кого доаѓа.

„Претседателството побара да нема селективен пристап при откривање на ваквите случаи, со цел да се зголеми довербата кај граѓаните, меѓутоа да се придонесе во смирување на состојбата.“

Според Османи, на седницата не биле донесени заклучоци да се бара одговорност за последните инциденти, а како што објаснил заменик-министерот за внатрешни работи Џелаљ Бајрами, дел од предизвикувачите на инцидентите биле идентификувани.

„Вчерашната инфомација беше дека се приведени 8 лица од инцидентот во Кисела Вода, но тоа е динамично бидејќи постојано има нови информации“, вели Османи.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, на разговор биле повикани повеќе лица кои подоцна треба да бидат идентификувани од оштетените. Министерството за внатрешни работи исто така вчера оцени дека има одредена тензија и побара сите да бидат внимателни и да придонесат за нејзино смирување.

„Според имињата, се чини дека се вмешани етнички состави, дел од овие инциденти се расчистени, на дел се уште се работи, меѓутоа неминовно сите сторители на кривични дела или на прекршувања на јавниот ред и мир ќе се соочат со санкции, бидејќи насилството не може и не смее да се толерира без разлика од кого доаѓа“, изјави министекрата Гордана Јанкулоска.

Таа вчера не ја исклучи можноста, дека во Македонија има луѓе кои посакуваат нарушување на меѓуетничките односи, но е убедена оти се многу помногубројни оние кои не го посакуваат тоа и ќе дадат придонес за смирување на тенизиите. Во вчершните инциденти што се случија во автобусите на ЈСП со број 57, 58 и 65, пет лица се повредени, од кои една жена на 55 годишна возраст.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG