Достапни линкови

Да се гарантира безбедноста, не е важно кој прв почнал


Собраниски комитет за односи меѓу заедниците.

Собраниски комитет за односи меѓу заедниците.

Вонредна седница на Комитет за односи меѓу заедниците, поради зголемениот број меѓуетнички инциденти во кои има и повредени.

Министерката за внатрешни работи Гордана Jанкулоска во своето обраќање на вонредната седница на собранисниот Комитет за односи меѓу заедниците изјави дека од почетокот на годината досега имало вкупно 25 инциденти, од кои најмногу се случиле во Скопје и тоа во автобусите на ЈСП, а потоа имало инциденти и во училиштата. Најголем број од учесниците во инцидентите се млади луѓе од сите етнички заедници.
Од почетокот на годината досега имало вкупно 25 инциденти, од кои најмногу се случиле во Скопје и тоа во автобусите на ЈСП.

Министерката Јанкулоска изјави дека МВР работи на расветлување на случаите. Таа додаде дека досега привеле осомничени, но се уште голем дел од инцидентите остануваат нерасветлени.

Таа апелира до сите инстутуции и чинители кои имаат некакво влијание да повикаат да се смират тензиите и да работат на подобрување на соживотот.

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците Ермира Мехмети изјави дека решила да свика вонредна седница затоа што сето она што се случува во последно време е сериозно и затоа што инстутуциите треба да решат што да се преземе понатаму. Мехмети додаде дека денеска не е време за убави говори, туку е време политичарите да седнат и да решат што ќе се прави понатаму, затоа што, како што вели, сведоци сме оти граѓаните ги земале работите во свои раце и излегле на улиците да се пресметаат со другиот.

Таа смета дека сега не треба да се прашува „Кој прв почнал?“ и да се дијагностицира проблемот туку институциите да одговорат дали се подготвени да им ја гарантираат безбедноста на граѓаните.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG