Достапни линкови

logo-print

Грција избегна банкрот, засега


Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос пред состанокот на владата во Атина, 08.03.2012.

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос пред состанокот на владата во Атина, 08.03.2012.

Објавени првите податоци за замената на грчките обврзници што е клучен дел од вториот пакет мерки за помош на Грција од 130 милијарди евра. Со приватните кредитори веќе бил постигнат договор за замена обврзниците, со што Грција најверојатно ќе избегне банкрот кој би можело да се случи за две недели кога доспева за наплата голем пакет обврзници.

Грчкото Министерство за финансии соопшти дека скоро 86 насто од приватните кредитори се согласиле да учествуваат во договорот за намалување на долгот на Грција, неопходен за избегнување банкрот на државата. Крајниот рок измина на полноќ, а според податоците, приватните кредитори се согласиле да загубат 74 насто од вредноста на обврзниците.
Тоа е повеќе отколку што се очекуваше. Мислам дека тоа е голем успех. Мислам дека со тоа се отвора вратата за поефикасна имплементација на она што ќе се прави во наредните две, три години. Факт е дека ова е почеток на враќањето на довербата во економијата.

Со тоа, долгот на Грција ќе биде намален за над 100 милијарди евра, а се отвора патот и за вториот пакет помош. Станува збор за најголемо реструктирање на еден државен долг во историјата.

„Тоа е повеќе отколку што се очекуваше. Мислам дека тоа е голем успех. Мислам дека со тоа се отвора вратата за поефикасна имплементација на она што ќе се прави во наредните две, три години. Факт е дека ова е почеток на враќањето на довербата во економијата“, изјави главниот економист на Алфа банката во Атина Михалис Мазуракис.

Претходно, грчките медиуми јавија дека банките, пензиските фондови и другите инвеститори кои држат 195 милијарди евра од тоталниот долг на Грција што изнесува 206 милиони евра се согласиле да прифатат загуби на номиналната вредност на обрзниците од 53,5 насто. Во замена за тоа ќе добијат нови обврзници со услови за отплата поповолни за Грција.
Доброволното преструктуирање на грчкиот долг мора да се турка напред и според нашето мислење, вториот спасувачки пакет за Грција и реструктуирањето, мора да бидат брзо реализирани. Во спротивно не ќе биде можна исплатата на следната транша. Ние сакаме Грција да остане во еврозоната.

Станува збор за радикален обид Грција да се извлече од спиралата на задолжување и да застане на патот на заздравување на економијата. Оваа земја веќе пет години е во рецесија, а најновите податоци покажуваат дека невработеноста во декември порасна на рекордни 21 насто. Една година претходно таа беше скоро 15 проценти. Најпогодени се младите, односно 51 насто на возраст меѓу 15 и 24 години се невработени.

Економистите велат дека, доколку Грција банкротира, тогаш приватните кредитори нема да добијат ништо. Тоа би предизвикало бура на меѓународниот финансиски пазар.

„Доброволното преструктуирање на грчкиот долг мора да се турка напред и според нашето мислење, вториот спасувачки пакет за Грција и реструктуирањето, мора да бидат брзо реализирани. Во спротивно не ќе биде можна исплатата на следната транша. Ние сакаме Грција да остане во еврозоната“, изјави пред извесно време германската канцеларка Ангела Меркел.

Светските берзи, по знаците дека Грција успешно ја затвори понудата за замена на обврзниците со приватните кредитори, денеска забележаа пораст.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG