Достапни линкови

Грција обезбедува реструктуирање на долгот


Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Грчкото министерство за финансии денеска соопшти дека скоро 86 насто од приватните кредитори потпишале оти ќе учествуваат во договорот за намалување на долгот на Грција, неопходен за избегнување банкрот на државата. Крајниот рок измина на полноќ, а според податоците, приватните кредитори се согласиле да загубат 74 насто од номиналната вредност на обврзниците. Со тоа долгот на Грција ќе биде намален за над 100 милијарди евра, а се отвора патот и за вториот пакет помош. Станува збор за најголемо реструктирање на еден државен долг во историјата.
XS
SM
MD
LG