Достапни линкови

Денеска одлука за вториот пакет-помош за Грција


Грчкиот премиер Лукас Пападемос.

Грчкиот премиер Лукас Пападемос.

Европските лидери денеска треба да донесат конечна одлука за вториот пакет-помош за Грција.

Вчера истече крајниот рок за пријавување на приватните инвеститори кои сакаат да учествуваат во договорот за намалување на долгот на Грција. Грчката телевизија Скај јави дека банки, пензиски фондови и други инвеститори на кои им припаѓаат 195 милијарди евра од вкупо 206 милијарди евра од грчкиот долг, се согласиле да прифатат отпишување на 53,5 проценти од долгот. Конечните резултати од договорот треба да бидат објавени денеска.
XS
SM
MD
LG