Достапни линкови

Кофи Анан бара дипломатско решение за Сирија


Поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан.

Поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан.

Поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан повика на дипломатско решение за ставање крај на крвопролевањето во Сирија.

Анан, кој во моментот е пратеник на Арапската лига за Сирија, предупреди дека повиците за вооружување на сириските бунтовници, дополнително ќе ја влошат ситуацијата.

Неговите коментари уследија откако либискиот премиер ги негираше наводите од страна на Русија дека неговата преодна влада обучува и ги вооружува сириските бунтовници во борбата против режимот на претседателот Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG