Достапни линкови

Комитетот за заштита на новинарите ги осуди заканите кон азербејџанска новинарка


Комитетот за заштита на новинарите ги осуди заканите кон азербејџанската новинарка Хадија Исмаилова, која е позната по истражувањето корупција на високо ниво, вклучително и офшор бизнисите на семејството на претседателот Илхам Алиев. Новинарската организација ги повика властите да и гарантираат безбедност и да ги најдат тие што и се заканувале.

Новинарката на Радио Слободна Европа, Исмаилова пред неколку дена доби заканувачи писма и маилови. Таа јавно ги објави заканите и најави дека нема да замолчи.
XS
SM
MD
LG