Достапни линкови

ММФ на 15 март ќе го разгледува новиот заем за Грција


Меѓународниот монетарен фонд денеска најави дека Управниот одбор на 15 март ќе го разгледа новиот заем за Грција, јавија агенциите. Портпаролот на фондот Џери Рајс изјави дека тоа ќе зависи од примената на неопходните мерки од грчките власти и добивањето на целосното уверување за финансирањето.
Приватните кредитори до 20 часот треба да се изјаснат дали ќе учествуваат во размената на грчкиот долг, што има за цел да отпише 107 милијарди евра од вкупниот долг кој изнесува над 350 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG