Достапни линкови

logo-print

Реално искривена реалност


Дарко Давитковски - Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Дарко Давитковски - Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Сака ли некој Македонија да се претвори во туристичка дестинација со барокни и антички скулптури со добро развиен секс туризам? Очигледно господата од власта веќе почнаа да го реализираат ова второто, пишува за РСЕ Дарко Давитковски СДМ - СДСМ

Велат младоста е најубавиот дел од човековиот живот, а сепак се’ почесто ни се случува да слушнеме од повозрасните „денес не е лесно да си млад“. И додека младите во Европа можат да ја доведат во прашање точноста на ваквата констатација, на младите во Македонија им останува да ја потврдат горката вистина. Да, денес не е лесно да си млад во Македонија.
Во природата на младиот човек е да биде амбициозен и да не се задоволува со малку. Колку и да ни е длабок и полн џебот, ние младите секогаш ќе сакаме денар повеќе. И не гледам ништо лошо во тоа. Оттука неприродно е за еден млад човек да биде пресреќен што во џебот има таман доволно средства за покривање на најосновните секојдневни животни потреби. Млади сме и нормално е да сакаме повеќе. Она што не е нормално е фактот што денес во Македонија има се повеќе млади луѓе кои немаат ни толку.

Некаде во весниците прочитав дека само 9,5 проценти од младите на возраст од 18 до 29 години мислат дека можат да си дозволат да имаат се што ќе посакаат надвор од основните животни потреби. Секоја чест, им посакувам се најдобро на овие 9,5%. Нека бидат уште поуспешни, нека имаат и повеќе. А што правиме со останатите? Работа ? Ама каде?
Запрепастувачки е податокот што третина од македонските студенти живеат во мизерни услови со помалку од 100 денари на ден. Во студентските домови има се повеќе девојки кои се одлучуваат за брза и лесна заработувачка преку нудење на сексуални услуги. Ги гледав коментарите на Facebook, некој од повозрасните пишал „ништо ново, така беше и порано“. Верувам, да, така било и порано, ама сигурно не било за две тегли ајвар како што изјавиле станарите во еден од студентските домови во Скопје. Ако порано девојките се одлучувале на ваков чекор за да живеат малку поудобно од врсничките, денес тоа го прават од сосема други причини. Кога кркорат цревата ќе ги изедат и моралните вредности. Зарем стигнавме до таму, се повеќе девојки да си го продаваат телото за да се прехранат? Зарем така ќе инвестираме во идниот потенцијал што ќе ја наследи државата?

За „среќа“ го имаме Сојузот на Студенти кој што „реално“ ги согледува работите. „Реално немаат шанса за друго, а Скопје е скап град“ е реакцијата на организацијата која што треба да ги брани студентите и притоа е една од одговорните за сместување на студентите по домовите. Мене реално ми изгледа дека овие типови имаат изгубено секаков допир со реалноста . Ако тие решиле да се продаваат за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, не смеат ни да помислат да ни ја продаваат приказната дека тоа што се случува во студентските домови е нормална работа.
Ако навистина сакаме реално да гледаме треба да се запрашаме во што инвестира оваа држава? Сакаме нормална држава со квалитетно образование и негување на моралните вредности кај младите, добра работа и сигурна иднина или можеби сакаме друга варијанта?
Сака ли некој Македонија да се претвори во туристичка дестинација со барокни и антички скулптури со добро развиен секс туризам? Очигледно господата од власта веќе почнаа да го реализираат ова второто.


Сака ли некој Македонија да се претвори во туристичка дестинација со барокни и антички скулптури со добро развиен секс туризам? Очигледно господата од власта веќе почнаа да го реализираат ова второто. Нема да ме изненади и ако дел од глупостите што ги градат малку ги пренаменат. Ете на пример бродовите на Вардар. Вардар никогаш не бил пловен, ама во минатото имало многу бордели на кејот. Ете му идеја на скопскиот градоначалник. Во тој случај наместо Капетан Коце ќе биде Мадам Коце. Но, шегата на страна.

Повеќе од загрижувачки е фактот што се’ младите се принудени да направат за да си обезбедат живот во оваа држава. Не би сакал Македонија да ја видам како Тајланд на Балканот. Не сакам да гледам како младите девојки го продаваат своето тело за да обезбедат преживување на студентските денови. И не сакам да гледам како младите прават криминал за да си ја прехранат фамилијата. Ваквиот начин на обезбедување на брзи пари не смее да биде единствениот избор за ниту еден млад човек во Македонија. Власта е таа која што е должна да обезбеди избор за младите. Ако тие не обезбедат избор за нас, тогаш ние ќе избереме да го напуштат кормилото на власта во нашата држава.

Дарко Давитковски - Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG