Достапни линкови

Помош за вработување на младите во Тетово


Macedonia - Youth unemployment, Tetovo - N/A
Macedonia - Youth unemployment, Tetovo - N/A

Центарот за вработување во Тетово овозможува помош за вработување на младите невработени.

Овозможување на помош за младите и невработените во успешно пронаоѓање на работа, изучување на нови вештини и добивање на потребни информации за тоа кои професии се барани на пазарот на трудот. Ова се дел од целите кои во наредниот период ќе ги реализира Центарот за вработување во Тетово преку работниот клуб.
Со нетрпение очекуваме градоначалникот и општината да ја финализираат нивната работа за воспоставување на локален економски и социјален совет, кој што покрај другите важни работи ќе се справува и со невработеноста на младите и со растот на локалната економија. Овој совет ќе биде одличен форум каде што локалните засегнати страни како што е АВРМ, претставниците на училиштата и работодавците ќе може да идентификуваат мерки коишто треба да се преземат на локално ниво за да им се помогне на повеќе млади да најдат значајни, дологорочни и заслужени вработувања.
Ли Ана Мар, директорката на УСАИД.

Во Тетово, овој клуб функционира веќе неколку години, но сега е подновен со опрема од Младинската мрежа за стекнување вештини за вработување на Американската агенција за меѓународен развој-УСАИД. Целиот проект е подржан и од Агенцијата за вработување и локалната самоуправа на Тетово.
Работниот клуб ќе им помага на младите да се стекнат со потребните вештини за успешно да најдат работа во брзо променливиот пазар на трудот во Македонија, посочи директорката на УСАИД, Ли Ана Мар.

„Со нетрпение очекуваме градоначалникот и општината да ја финализираат нивната работа за воспоставување на локален економски и социјален совет, кој што покрај другите важни работи ќе се справува и со невработеноста на младите и со растот на локалната економија. Овој совет ќе биде одличен форум каде што локалните засегнати страни како што е АВРМ, претставниците на училиштата и работодавците ќе може да идентификуваат мерки коишто треба да се преземат на локално ниво за да им се помогне на повеќе млади да најдат значајни, дологорочни и заслужени вработувања.“

Соработката меѓу УСАИД и Агенцијата за вработување во функционирањето на работен клуб е на завидно ниво и од полза на локалната самоуправа, која дава соодветна поддршка, смета директорот на агенцијата Влатко Поповски.

„За еден работен клуб добро да работи, потребна е и соработка со локалната самоуправа, бидејќи условите за вработување не зависат секогаш од централната власт, бидејќи не се секаде условите за идни вработувања исти. Затоа локалната самоуправа е таа што треба да биде мотиватор, креатор и обезбедувач на работни места во иднина.“

Граѓаните кои изминатиот период биле делод работниот клуб задоволни од реализираните активности.

„Имаме пекара отворено. Бизнис идејата ја реализиравме благодарение на средствата што ни беа доделени со проектот за самовработување, секако со плус наши домашни средства“, вели една тетовка.

Младинската мрежа за стекнување вештини за вработување на УСАИД, поддршка на вакви клубови, освен во Тетово,Струмица и Битола, ќе даде уште во градовите Гостивар, Прилеп и Штип.
XS
SM
MD
LG