Достапни линкови

Tелeвизиите незаинтересирани за документарци


Ниедна телевизија кај нас не прикажува вакви филмови, ниту пак има интерес, вели Билјана Гарванлиева, еден од најуспешните и најнаградуваните македонски документаристи.

Самата средба со публиката мене ме прави неверојатно среќна затоа што поради неа овие филмови живеат – ќе рече режисерката Билјана Гарванлиева во предвечерието на својата актуелна средба со струмичката публика.
Ниедна телевизија во Македонија не прикажува вакви филмови ниту пак пројавува интерес, така што ваквите инцидентни средби даваат простор на краткиот филм да живее.
Билјана Гарванлиева, документарист.

„Ниедна телевизија во Македонија не прикажува вакви филмови ниту пак пројавува интерес, така што ваквите инцидентни средби даваат простор на краткиот филм да живее.“
Билјана Гарванлиева.
Билјана Гарванлиева.

Таа објаснува дека сето тоа е резултат на катастрофалната уредувачка политика на македонските телевизии и дека тука ќе мора да се направат некои промени.

„Прво правни, а потоа и со креативна програма. Материјал имаат, треба да се направи само концепт.“
Материјал имаат, треба да се направи само концепт.
Билјана Гарванлиева, документарист.

Инаку, за хероините на своите филмови „Девојчето... и нејзината хармоника“, „Девојчето што бере тутун“ и „Шивачките“, патем за остварувањата за кои доби 13 значајни интернационални награди, Гарванлиева вели дека таа лично се обидува со инструментите на филмот како уметност да ги мотивира и да ги охрабри да си ја остварат својата цел.
Билјана Гарванлиева.
Билјана Гарванлиева.

Мене ми требаше да направам два успешни документарни филма, кои во потполност беа финасирани од германски државни телевизии, дури во третиот документарен филм, филмскиот фонд на Македонија влезе како копродуцент. Ова е значи петти филм што го подготвувам, исто така Македонија е влезена како копродуцент, откако веќе германското министерство за култура го има подржано проектот.
Билјана Гарванлиева, документарист.
„Сите мои женски ликови, социјаланата средина ги пушта на земја, тие мораат да работат тутун или да шијат, тоа не им преставува задоволство, а од друга страна се неверојатно талентирани девојки кои знаат да сликаат, да пишуваат, но никогаш немале шанси поради финасиската ситуација да ја направат желбата. Јас тоа како мисија си го зедов да им помогнам со помош на филмот да излезат од границите на Македонија и да ја исполнат својата цел.“

Во моментов уметницата низ Македонија посебно на локациите Тетово – Ресен, „градови со кои како што вели имаме малку комуникација, трага јунаците за својот петти по ред документарен филм. Забележува дека ја интересираат млади, бунтовни, талентирани луѓе кои со помош на уметноста секој на свој начин се бори против авторитетното семејство и авторитетното општество и сака да ги надмине бариерите што тие му ги поставуваат.

„Јас постојано си ја повторувам таа една моја многу лична приказна, а тоа е распетието на уметникот во Македонија, бидејќи јас самата не можев себе си да се реализирам во Македонија, сето тоа што го направив е благодарение на тоа што сум во Германија.“

И, во ова нејзино ново остварување Филмскиот фонд односно Македонија е влезена како копродуцент откако германското министерство за култура претходно го подржа проектот.

„Мене ми требаше да направам два успешни документарни филма, кои во потполност беа финасирани од германски државни телевизии, дури во третиот документарен филм, филмскиот фонд на Македонија влезе како копродуцент. Ова е значи петти филм што го подготвувам, исто така Македонија е влезена како копродуцент, откако веќе германското министерство за култура го има подржано проектот, мене ми е многу драго поради тоа што филмовите нема да одат да ја преставуват Германија со македоснки теми и со македонски автори, туку и дека Македонија може да се преставува како земја, а тоа е најдобрата можна реклама.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG