Достапни линкови

Дневен печат - Инвестиции од Индија и бродови во Вардар


Премиерот Никола Груевски се сретна со неговиот индиски колега Манмохан Синг во Њу Делхи.
Премиерот Никола Груевски се сретна со неговиот индиски колега Манмохан Синг во Њу Делхи.

Потрагата по инвеститори во Индија, бродовите во Вардар и случајот Смиленски се теми за кои пишуваа дневните весници минатата недела.

Ќе и донесе ли на Македонија ќар новата турнеја на владината делегација на чело со премиерот во Индија и Малезија? „Приказната за македонската економија стигна до Мумбај“ - информира Утрински, а Дневник дообјаснува дека повеќе индиски компании покажале интерес за инвестирање во земјава. Во друго издание, Утрински јавува дека „Владата ги подготвува куферите за 25 март во Германија и Британија“.
Приказната за македонската економија стигна до Мумбај.
Утрински весник.

Само Нова Македонија и Утрински информираат дека СДСМ излегол со пакет економско-социјални мерки до Владата, кои, покрај другите, предвидуваат и мерки за штедење во буџетот.

Другар на Урко ќе ги гради бродовите на Вардар?
Фокус.
Во меѓувреме, Вечер пишува дека граѓаните се во паника затоа што „Извршителите тропаат на врата за сметки од минатиот век“, што имаат астрономски суми поради каматите за една или две децении колку што тужените сметки за струја, вода, парно и кирија фаќале прав во судовите, а дневниот Капитал прашува „Зошто Владата фрли 54 милиони евра во фирмите загубари?“, појаснувајќи дека Бирото за судски вештачења се' уште работи на тендерските услови на ЕМО, Тутунски комбинат Прилеп и Еурокомпозит, иако пред само една година Владата ангажирала друга фирма за 700 илјади евра да ги скенираат и да ги подготват тендерите за овие загубари. Но Владата не ги слуша консултантите и упорно ги нуди загубарите на продажба со сите вработени, а што ќе скенира допрва не е јасно, плус упорно финансиски ги помага, пишува дневен Капитал.

Дневник информира за тоа дека „Македонските партии трошат повеќе пари од хрватските“, за изборните кампањи и тоа сума од речиси 5 и пол милиони евра, што се земаат од буџетот, што не може да се оправда ниту со бројот на гласачите, ниту со економската моќ на населението.

Дневниот Фокус објавува дека: „Другар на Урко ќе ги гради бродовите на Вардар?“. Урко, инаку е личниот телохранител на премиерот, а бродоградителот му бил близок пријател и комшија, пишува овој дневен весник.

Утрински, информира дека Методи Смиленски, кого „Бучно го донесоа, а тајно го изнесоа“, како што насловува, мистериозно бил пуштен од притвор и си заминал во Австрија, чие државјанство го има.

Во меѓувреме, министерката за полиција најави нова програма на организација на полицајците на терен кои ќе дежураат по 24 часа,како што информира Дневник.

Вечер, на насловната објавува дека е „Заловен рисот Ристе“ кој ќе послужи за истражувања во програмата за заштита на ова ретко животно.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG