Достапни линкови

Светските сили очекуваат сериозен дијалог со Иран за нуклеарната програма


Сателитска снимка на воената постројка Парчин

Сателитска снимка на воената постројка Парчин

Светските сили соопштија дека престојните разговори со Иран за нуклеарната програма треба да бидат сериозни, без предуслови и со конкретни резултати. Во заедничкото соопштение САД, Кина, Русија, Франција, Британија и Германија го повикаа Иран да им дозволи на меѓународните нуклеарни инспектори да ја посетат воената постројка за која постои сомневање дека се користи за производство на нуклеарно оружје.
Иран одби да им дозволи пристап на инспекторите во Парчин за време на нивната посета пред некоја недела.
XS
SM
MD
LG