Достапни линкови

Оли Рен ги повика кредиторите да прифатат отпис на грчкиот долг


Еврокомесарот за економски прашања Оли Рен ги повика приватните носители на грчки обврзници да се приклучат кон договорот за размена на обврзници до крајниот рок кој истекува денеска. Тој изјави дека нема да има подобра понуда, додавајќи оти овој договор е од витално значење за финансиската стабилност на еврозоната. Грција бара најмалку 75 насто од приватните кредитори да се согласат на намалување од 53,5 проценти на вредноста на нивните обврзници. Размената на обврзниците треба да помогне во отпишување на повеќе од 100 милијарди евра од долгот на земјата.
XS
SM
MD
LG