Достапни линкови

Опозицијата доби дозвола за протести во Москва


Властите на рускиот главен град Москва им дале дозвола на активисти на опозицијата во наредниот викенд да одржат протест поради изборот на Владимир Путин за претседател на Русија. Заменик градоначалникот на Москва изјави дека протестот ќе биде одржан в сабота на централниот плоштад, каде што може да собере повеќе од 50 илјади луѓе.
Руската опозициска група „Лига на гласачи“ ги осуди неделните претседателски избори, кои според нив биле полни со изборни измами, што не им дозволува да го признаат исходот, односно освоените 64 проценти од гласовите од страна на Путин.
XS
SM
MD
LG