Достапни линкови

Сириски заменик министер се придружил на бунтовниците


Сирискиот заменик министер за нафта Абдо Хусамелдин преку Јутјуб го објави своето пребегнување, со што стана првиот цивилен претставник од повисок ранг кој го напуштил претседателот Башар ал Асад од почетокот на бунтот против режимот пред една година. Во видео снимката тој вели дека се придружил на револуцијата на народот кој ги отфрла неправдата и бруталната кампања на режимот.
Сириската влада досега не ја коментираше оваа информација.
XS
SM
MD
LG