Достапни линкови

Ерупции на Сонцето, можни последици и на Земјата


Последици од импресивната Сончева луња денеска ќе се почувствуваат и на Земјата, соопштија американски експерти за вселенска метеорологија. Според нив, би можело да бидат загрозени електрични мрежи, навигациони системи и авионски летови. Ерупциите на Сонцето што се случиле завчера се најголеми во последните пет години, а може да се очекуваат и нови експлозии.
Магнетната луња има потенцијал да го прекине снабдувањето со електрична енергија, а нејзините радио-емисии може да ги оштетат глобалните системи за навигација (GPS) и тие да бидат помалку прецизни, како и сателитите.
XS
SM
MD
LG