Достапни линкови

Обама се сретна со либискиот премиер во Белата куќа


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа се сретна со либискиот премиер Абдурахим ел Кеиб. Според соопштението, Обама го охрабрил Кеиб за одржување на национални избори во Либија во јуни, кои би требало да бидат транспарентни и во нив да бидат вклучени невладините организации. Тие разговарале и за зголемување на соработката во граничното управување, безбедноста и борбата против тероризмот.
Обама го пофалил Кеиб за мирната транзиција кон демократија на Либија по соборувањето на поранешниот претседател Моамер Гадафи.
XS
SM
MD
LG