Достапни линкови

logo-print

Чудо во Чикаго, само ако се понуди решение за името

Министерот за одбрана Фатмир Бесими на тркалезната маса „Македонија, регионот и евроатлантските интеграции“.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими на тркалезната маса „Македонија, регионот и евроатлантските интеграции“.

Членството во НАТО е стратешка цел на Македонија без оглед на исходот на Самитот во Чикаго, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими. Поранешниот премиер Владо Бучковски, пак, вели дека приемот на Македонија во НАТО во Чикаго е чудо, кое е можно само ако земјава во последен момент понуди издржано решение на спорот со Грција.

Заложбата на Македонија за членство во НАТО не е поврзана само со Самитот во Чикаго, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Доколку тоа се случи во Чикаго секако ќе биде голем успех и за НАТО и за Македонија и за регионот, меѓутоа ние континуирано, независно од тој ден, работиме и продолжуваме да работиме на реформите што се однесуваат на интеграцијата на Македонија во НАТО.

Фатмир Бесими, министер за одбрана.

„Доколку тоа се случи во Чикаго секако ќе биде голем успех и за НАТО и за Македонија и за регионот, меѓутоа ние континуирано, независно од тој ден, работиме и продолжуваме да работиме на реформите што се однесуваат на интеграцијата на Република Македонија во НАТО и тоа е наша цврста определба и во ова нема дилема и ниту одлуката дали во Чикаго ќе стане тема за проширување или не, нема да ја промени генералната политика на Република Македонија и стратешката ориентација за евроатлантски интеграции“, вели Бесими.

Тркалезна маса „Македонија, регионот и евроатлантските интеграции“.
Министерството за одбрана организираше тркалезна маса на тема „Македонија, регионот и евроатланските интеграции“. На собирот учествуваа министерот за одбрана, амбасадорите и воените аташеа на земјите-членки на НАТО во земјава, членовите на парламентарната Комисија за одбрана и безбедност, поранешните министри за одбрана, претставници од советодавните тимови на НАТО и Буз Ален Хамилтон во Министерството за одбрана.

Ако постои подготвеност од наша страна да понудиме во последен момент решение кое би било издржано, дека чудата се можни.

Владо Бучковски, поранешен министер за одбрана.

Поранешниот министер за одбрана и поранешен премиер Владо Бучковски вели дека, со последните изјави на генералниот секратар на НАТО Андрес Фог Расмусен и на американскиот амбасадор Пол Волерс дека Македонија не може да влезе во Алијансата без решение на спорот за името, топката е префрлена на македонска страна.

Тркалезна маса на тема „Македонија, регионот и евроатланските интеграции“.

„Друго е дали ние сакаме да го дадеме голот, да стигнеме до целта во Чикаго.  Сметам дека доминира песимизот кој е стимулиран. Единствена светла точка е онаа изјава на премиерот од пред неколку дена, кој, иако самиот го стимулираше песимизот, не остави да чекаме уште две-три недели да видиме каков ќе биде одговорот од грчка страна. Јас сум убеден дека, ако постои подготвеност од наша страна да понудиме во последен момент решение кое би било издржано, дека чудата се можни“, вели Бучковски.

Македонија да добие рок во кој ќе треба да се реши проблемот наметнат од Грција со името, а Македонија да го добие документот како покана и да го отпочне процесот на прединтегрирање во НАТО.

Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана.

Поранешниот министер за одбрана, професор Трајан Гоцевски вели дека Македонија не треба многу да очекува од Самитот во Чикаго, зашто тоа не е самит за проширување. Тој вели дека би било добро некоја од земјите-членки да го покрене прашањето за интеграцијата на Македонија во НАТО.

„После една ваква дебата да на некој начин се афирмира положбата на Република Македонија е доволно и уште една работа да се постигне, а тоа е ако може да се донесе таканаречена врзана одлука – Република Македонија да добие рок во кој ќе треба да се реши проблемот наметнат од Грција со името, а Република Македонија да го добие документот како покана и да го отпочне процесот на прединтегрирање во НАТО“, вели Гоцевски.

Тој вели дека Грција и потоа ќе има можности во неколку наврати да ја блокира Македонија зашто документот за интеграција треба да биде прифатен од владите, парламентите и од претседателите на сите земји-членки.

Според него неинтегрирањето на Македонија во НАТО и во ЕУ на долги патеки може да предизвика тензии во регионот, затоа што одолговлекувањето на тој процес им дава поголем простор на радикалните структури од политичка, безбедносна или криминална провиниенција.
• 16x9 Image

Срѓан Стојанчов

Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG