Достапни линкови

ЕУ и даде рок на Унгарија за промена на контроверзните закони


ЕУ соопшти дека Унгарија не дала одговор за сите прашања кои беа покренати за почитувањето на демократските права и слободи во земјата. Унијата се закани дека ќе преземе правни мерки против Унгарија и ќе го одложи договорот за помош, доколку не бидат направени промени на неколку контроверзни закони кои се однесуваат централната банка, агенцијата за заштита на податоците и судството.
Унгарија има рок од еден месец да го исполни барањето, доколку не сака да се соочи со Европскиот суд на правдата.
XS
SM
MD
LG