Достапни линкови

Груевски ја пренесе приказната за македонската економија во Мумбај


Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска во Мумбај ги презентираше инвестициските можности на Македонија. Груевски на индиските бизнисмени им порача дека владата сака да ја пренесе приказната за македонската економија, која се искачи на третото место на најдобрите реформски ориентирани земји во светот во однос на условите за водење бизнис.
Според него тоа е плод на долгогодишна и макотрпна работа на владата за подобрување на деловната клима и градење имиџ на привлечна европска инвестициска дестинација.
XS
SM
MD
LG