Достапни линкови

Бомбашки напад во Ирак, десет жртви


Ирачката полиција соопшти дека најмалку 10 лица загинале, а 12 се повредени при експлозија на автомобил бомба, кој бил проследен со напад на бомбаш самоубиец. Координираните напади се случиле во градот Тал Афар во близина на границата со Сирија.
Според локалните власти, автомобилот бомба експлодирал покрај еден популарен ресторан во центарот на градот, а кога некои од посетителите дошле на местото да помогнат, бомбашот самоубиец го активирал неговиот експлозив.
XS
SM
MD
LG