Достапни линкови

Вељаноски оствари средба со новиот евроамбасадор Орав


Средба на претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски со новоименуваниот ЕУ амбасадор Аиво Орав

Средба на претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски со новоименуваниот ЕУ амбасадор Аиво Орав

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска го прими новиот амбасадор на Европската унија во Македонија, Аиво Орав. Вељаноски како што соопшти неговиот кабинет ја изразил подготвеноста за поддршка на секоја иницијатива за ефикасна и плодна соработка со новиот амбасадор. Тој изјавил дека на Македонија местото и е во Европа, не само територијално, туку и формално.
Орав искажал уверување дека ќе ја продолжи позитивната работа на неговите претходници во застапувањето на ЕУ.
XS
SM
MD
LG