Достапни линкови

logo-print

Министри во акција - отвореност по желба


Премиерот Никола Груевски шутира пенал на отворањето на спортска сала во ОУ „Кирил и Методиј“ во село Стојаково на 3 август 2010 година.

Премиерот Никола Груевски шутира пенал на отворањето на спортска сала во ОУ „Кирил и Методиј“ во село Стојаково на 3 август 2010 година.

Владините министри креираат имиџ на транспарентни и отворени претставници кои се постојано меѓу народот, но не сакаат да одговараат на „тешки“ прашања.

Преку темпо кое понекогаш е тешко за следење дури и за новинарите, владините министри креираат имиџ на транспарентни и отворени претставници кои се постојано меѓу народот. Покрај секојдневните работни обврски наоѓаат време за посета на разни објекти и разговор со граѓаните.
Политичарите секогаш се обидуваат да ги избегнат оние сензитивни одговори кои би можеле да им нанесат штета на нивната политичка кариера или на нивниот политички капитал што го имаат, посебно сега воочи на подготовката за кампањата за локалните избори, којашто гледаме дека сега континуирано се одвива.


Организираат прес-конференции на кои го презентираат тоа што сакаат да го кажат. Но не сите прашања им се омилени. Има и такви за кои јавноста сака да знае, а владата ги крие одговорите. Аналитичарите ги прашавме, дали владата води двојна политика?

„Политичарите секогаш се обидуваат да ги избегнат оние сензитивни одговори кои би можеле да им нанесат штета на нивната политичка кариера или на нивниот политички капитал што го имаат, посебно сега воочи на подготовката за кампањата за локалните избори, којашто гледаме дека сега континуирано се одвива“, изјави Владимир Мисев од Институтот за демократија и граѓанско општество.

Постои голем расчекор меѓу тоа што се прави на терен и вистинското креирање јавни политики во земјава, посочува универзитетскиот професор Јонус Абдулау. Во таа насока, одговорните во земјава се однесуваат како незаменливи и
Од околу па на ќоше, кога не се сака да се одговори тогаш се изнаоѓаат разни причини да се каже се, а впчочем ништо да не биде јасно.
единствени. Според Абдулау, зачестеното присуство на министрите меѓу луѓето е обид да се контролира народот.

„Министрите на чело со премиерот на народот му кажуваат: Ние сме држава, ние сме власта а ваше е да ги испочитувате сите наши одлуки, наредби. Сакаат да бидат на терен, да контролираат се живо.“

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на средба со пензионери.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на средба со пензионери.

Мисев вели дека секојдневната работна динамика на владините претставници наликува на изборна кампања пред локалните избори. Добро е тоа што министрите се помеѓу народот, но не е во ред ако тоа го прават за партиски поени и на сметка на редовните работни обврски, вели тој.

„Доколку министрите наоѓаат време и покрај нивните ангажмани да излезат и на терен и да ги промовираат своите политики и да се сретнат со граѓаните, не гледам ништо лошо, но доколку нивната работа трпи на сметка на излегувањето надвор и контактите со граѓаните тогаш би требало да го осудиме таквиот чин.“

Прашањата за кои понекогаш Владата нема конкретен одговор само покажуваат дека Владата и не е толку транспарентна како што се обидува да се прикаже во јавноста, велат експертите.

„Одоколу па на ќоше, кога не се сака да се одговори тогаш се изнаоѓаат разни причини да се каже се, а впчочем ништо да не биде јасно“, заклучува Абдулау.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG