Достапни линкови

Саркози: во Франција има премногу странци


Францускиот претседател Никола Саркози кој е кандидат и на наредните претседателски избори изјави дека поради големиот број странци не функционира системот за нивна интеграција во општеството. Тој во синоќешното телевизиско интервју вети дека ако победи ќе го преполови бројот на имигрантите кои секоја година пристигнуваат во Франција. Станува збор за околу 180 илјади странци кои годишно доаѓаат во таа земја. Последните анкети покажуваат дека ривалот на Сакози, социјалистот Франсоа Оланд би можело да однесе убедлива победа на изборите чиј прв круг ќе се одржи на 22 април.
XS
SM
MD
LG