Достапни линкови

Асад: меѓународен заговор против Сирија


Претседателот на Сирија Башар ал Асад

Претседателот на Сирија Башар ал Асад

Претседателот на Сирија Башар ал Асад изрази решеност да ја продолжи борбата против, како што изјавил, тероризмот поддржан од странство. Со тоа тој уште еднаш ги отфрли меѓународните барања да ја прекине пресметката со бунтовниците во таа земја. ,,Сиријскиот народ кој и порано успеваше да ги разоткрие меѓународните заговори, уште еднаш ја покажа силата да ја одбрани земјата,, изјавил Асад во пораката што ја пренесува новинската агенција САНА. Американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека едностраната воена акција против Асад би било грешка и оцени дека ситуацијата во Сирија е многу посложена од онаа во Либија.
XS
SM
MD
LG