Достапни линкови

Севернокорејскиот претставник за нуклеарна енергија Ри Јонг пристигна во САД


Агенциите на Јужна Кореја јавија дека претставникот за нуклеарна енергија на Северна Кореја Ри Јонг денеска пристигнал на аеродромот во Њујорк. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд изјави дека Ри ќе престојува во САД во наредните неколку денови.
Јужнокорејскиот министер за надворешни работи исто така треба да пристигне во САД утре во петдневна посета. Тема на разговорите ќе биде нуклеарната програма на Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG