Достапни линкови

Ромни победи во клучната држава Охајо


Американските медиуми јавуваат дека републиканскиот кандидат Мит Ромни победил во клучната држава Охајо. Ниту еден републикански кандидат не бил избран за претседател без да извојува победа во оваа држава.Од вчера се гласа во десет сојузни американски држави на кои се бира претседателски кандидат на Републиканската партија, кој ќе му се спротистави на Барак Обама на изборите во ноември.
Ромни досега победи во Вермонт, Вирџинија и Масачусетс и Ајдахо, но неговиот ривал Рик Санторум победи во Тенеси, Оклахома и северна Дакота. Третиот кандидат Њут Гингрич победи во неговата држава Џорџија.
XS
SM
MD
LG