Достапни линкови

logo-print

Македонија е порта кон европскиот пазар, порача Груевски во Пуне


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска го преводеше бизнис форумот „Растечките инвестициски и трговски можности во Македонија“ во индискиот град Пуне. Груевски на индиските бизнисмени им посочи дека многу мултинационални компании ја избираат Македонија за порта кон европски пазар, поради одличната географска локација и договорите за слободна трговија со ЕУ.
На форумот свое обраќање имаа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони Виктор Мизо. Владината делегација утре ќе престојува во Бомбај.
XS
SM
MD
LG