Достапни линкови

Арифи-евроинтеграцијата на Македонија е врвен приоритет на владата


Вицепремиерката Теута Арифи

Вицепремиерката Теута Арифи

Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи денеска во Брисел се обрати на дебатата насловена „Дали можеме 2012 година да ја претвориме во година на успех. Арифи, според соопштението на нејзиниот кабинет, истакнала дека европската интеграција на Македонија е стратешка цел на земјата од нејзиното осамостојување и е врвен приоритет на владата. За таа цел, како што рече таа се работело на воведување на европските стандарди во општеството, а позитивните резултати биле неминовни.
Арифи најави дека за 10 дена ќе се отвори ново поглавје во односите меѓу Македонија и ЕУ со започнувањето на стратешкиот пристапен дијалог.
XS
SM
MD
LG