Достапни линкови

Започна гласањето за претседателски кандидат на републиканците


Републиканскиот кандидат Мит Ромни

Републиканскиот кандидат Мит Ромни

Започна гласањето во десет сојузни американски држави на кои се бира претседателски кандидат на Републиканската партија, кој ќе му се спротистави на Барак Обама на изборите во ноември. Анкетите покажуваат дека тројца од четирите кандидати - Мит Ромни, Рик Санторум и Њут Гингрич ќе ги земат гласовите од по најмалку една држава.
Најинтересно се очекува да биде гласањето во Охајо, каде ниту еден републикански кандидат не бил избран за претседател без да извојува победа во државата.
XS
SM
MD
LG