Достапни линкови

logo-print

Во паричниците на граѓаните има се помалку пари. Граѓаните велат дека власта треба да да го запре паѓањето на стандардот, да го анимира стопанството, затоа што, според дел од нив, економските политики што се водат ги занемаруваат основите потреби.

Македонските граѓани се жалат дека трошат најмногу за храна, облека и комуналии. Според податоците од некои од најновите истражувања, 30 проценти од семејствата во земјава потрошувачката кошничка ја трошат само за храна, а 50 проценти за храна и сметки.
Тоа што се навестуваат некакви изградби односно водени сплавови низ Вардар, сето тоа можеби е убаво но за едно друго време, пред се заради тоа што Вардар нема вода, мислам дека во моментов не е тоа приоритет и дека не би требало да биде, бидејќи станува збор за едни приоритети кои треба да ги насочиме кон економскиот развој, кон производство, создавање на половни услови за претприемништво.


Дополнителна причина што во паричниците на граѓаните има се помалку пари е тоа што повисоките цени станаа неминовност повторно сметајќи дека европскиот пазар е погоден од ново штедење и рецесија. Дека и во стопанството се случува токму ова, укажуваат и статистиките. Индустриското прозиводство во јануари оваа година бележи пад. Според тврдењата на економистите, мора да се донесат приоритети што ќе биде важно во економскиот развој и така да се делува.

„Тоа што се навестуваат некакви изградби односно водени сплавови низ Вардар, сето тоа можеби е убаво но за едно друго време, пред се заради тоа што Вардар нема вода, мислам дека во моментов не е тоа приоритет и дека не би требало да биде, бидејќи станува збор за едни приоритети кои треба да ги насочиме кон економскиот Град Скопје, по Одлуката донесена од Советот, спроведе јавен повик за доделување на право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на Кејот на реката Вардар.

Град Скопје, по Одлуката донесена од Советот, спроведе јавен повик за доделување на право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на Кејот на реката Вардар.

развој, кон производство, создавање на половни услови за претприемништво и така натаму“, вели професор Марија Зарезанкова Потевска.

Граѓаните сметаат дека не треба да се оставаат на страна и стратешките приоритетите и дека треба да се осовремнува и инфраструктурата и енергетиката. Други сметаат дека
Мислам дека е поприоритет да направиме гасовод, да фатиме приклучок кон нафтоводите, затоа што гледам дека се не одминува. Поприоритетно е да направиме инфраструктура ако сакаме странски инвестиции.
кризата покажува дека економските политики што се водат ги занемаруваат основите потреби. Сега треба да се анимира стопанството, да се запре паѓањето на стандардот, да се заштитат луѓето од превисоките цени во услови на мирување на плати и голема невработеност, велат дел од граѓаните.

„Мислам дека е поприоритет да направиме гасовод, да фатиме приклучок кон нафтоводите, затоа што гледам дека се не одминува. Поприоритетно е да направиме инфраструктура ако сакаме странски инвестиции, затоа што мислам дека кога ќе дојде некој да инвестира прво ќе ве праша дали имате струја.“

„Секој ден сум покрај Вардар, не е чисто, мириса, само што владата не не слуша, џабе зборуваме.“

„Уште 100 години да поминат ние нема да можеме да го имаме тој стандард што го посакуваме, секако дека стандардот е приоритет, но мислам дека и она другото е многу важно, духовниот дел на населението.“

Во меѓувреме владата продолжува да се задолжува. Бизнис секторот претходно го крена својот глас барајќи владата да престане да се задолжува дома.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG