Достапни линкови

Оправдувања за апсењата на протестите против Путин


Апсењата на демонстрантите во Москва

Апсењата на демонстрантите во Москва

Потпаролот на Владимир Путин, Дмитри Песков се обиде да ги оправда причините за апсењата на стотици демонстранти на протестите против исходот на претседателските избори во Русија. Според официјалните резултати актуелниот премиер Путин освои 64 насто од гласовите.
Повеќе од 500 демонстранти, меѓу кои и водечки опозиционери беа вчера уапсени, бидејќи ги игнорирале наредбите на полицијата да ги напуштат протестите. Песков изјави дека полицијата покажала високо нивно на професионализам и добро се справила со ситуацијата.
Опозиционите лидери повикаа на продолжување на протестите против Путин.
XS
SM
MD
LG