Достапни линкови

Иванов - Грција намерно одолговлекува за името


Грција намерно го одолговлекува решавањето на прашањето за името, а јас очекувам НATO да ја почитува одлуката на Судот во Хаг и да овозможи прием на Македонија. Ова за австрискиот весник „Ди Пресе“ го изјави Македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Според Иванов, во услови на економската криза, Грција не е преокупирана со решавање на отворените прашања.

„Ние имаме проблем, Грција нема. Ние изгубивме 20 години, затоа што Атина го блокира почетокот на преговорите со ЕУ. За членството во НАТО ги исполнивме сите критериуми, но Атина во 2008 година стави вето. Нас не блокираат, Косово не го признаваат. Истото што го прават со Кипар, го прават и со нас. И тоа го прават од позиција на членка на ЕУ. Тоа е логиката на одолговлекувањето. Сè поочигледно е дека како што се справува со економијата, Грција така се справува и со политиката“, наведува претседателот Иванов.

Македонската јавност, според Иванов, ја разбира ситуацијата и фактот дека правиме сè што е во наша моќ да го затвориме ова прашање, вели претседателот Ѓорге Иванов во интервјуто за австриски Де Пресе.

Инаку од НАТО повеќепати повторија дека Македонија ќе добие покана за членство кога ќе го реши проблемот со Грција затоа што во Алијансата важи принципот на консензус
XS
SM
MD
LG