Достапни линкови

logo-print

Во Косовска Митровица стрелано врз зграда на УСАИД


Непознати напаѓачи пукале синоќа врз зградата на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД во северниот дел на Косовска Митровица.
Регионалниот портпарол на косовската полиција Бесим Хоти изјави дека извршителите стрелале врз канцеларијата на агенцијата за програмата Демократски иницијативи за ефективни општини ДЕМИ и оти е нанесена мала материјална штети.
Претставници на програмата се занимаваат со развојот на општинските структури.
Засега нема осомничени за инцидентот.
XS
SM
MD
LG