Достапни линкови

Киргистан - братот на Бакиев избегал од затвор


Опремата на Акмат Бакиев

Опремата на Акмат Бакиев

Братот на поранешниот претседател на Киргистан Курманбек Бакиев избегал од затвор. Портпаролот на државниот затвор Александар Никсдорф за РСЕ изјави дека Акмат Бакиев исчезнал на 3 март од болницата каде се лечел од пневмонија. Тој беше осуден на 7,5 години лани во август за организирање масовни безредија и насилни напади врз безбедносните служби во мај и јуни на 2010 година, откако неговиот брат беше остранет од функцијата претседател по јавните немири. На поранешниот претседател Курманбек Бакиев, кој во моментов живее во Белорусија, му се суди во отсуство во Киргистан врска со смртта на речиси 100 луѓе кои загинаа кога безбедносните сили отвориле оган врз демонстрантите во април 2010 година.
XS
SM
MD
LG