Достапни линкови

logo-print

Кина е против нуклеарно наоружување на Иран


Министерот за надворешни работи на Кина Јанг Џиеши

Министерот за надворешни работи на Кина Јанг Џиеши

Министерот за надворешни работи на Кина Јанг Џиеши го повтори предупредувањето до Техеран дека Пекинг е против тоа Иран да има нуклеарно оружје. Говорејќи на прес-конференција Јанг Џиеши рече дека Кина е против тоа било која земја на Блискиот Исток, вклучувајќи го и Иран, да поседуваат или да развиваат нуклеарно оружје. Но Јанг нагласи дека Иран има право да развива нуклеарна енергија за цивилни цели. Коментарите на кинеските власти уследија откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сретна со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон за да разговараат за иранската нуклеарна програма. Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели, но западните земји веруваат дека Техеран се обидува да направи нуклеарно оружје. Посетата на Нетанјаху доаѓа во време кога се зголемија шпекулациите дека Израел може да започне со превентивен напад против нуклеарните постројки на Иран.
XS
SM
MD
LG