Достапни линкови

Природните катастрофи го чинеле светот многу пари


Јапонија по цунамито

Јапонија по цунамито

Минатата година ќе биде запаметена како година кога биле одвоени најмногу пари во историјата за обнова на земјите по природни катастрофи, соопштуваат ОН. Маргарета Валстром, специјален претставник на генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, изјави дека силниот земјотрес и цунамито во Јапонија се најскапи во низата на природни катастрофи кои го чинеле светот најмалку 380 милијарди долари. Тоа е за две третини повеќе од претходниот рекорд кој бил забалежан во 2005-та кога ураганот Катрина го погоди јужниот брег на САД. Валстром изјави дека освен катастрофата во Јапонија, за високите трошоци придонеле и земјотресите во Нов Зеланд и поплавите во Тајланд.
XS
SM
MD
LG