Достапни линкови

САД ќе се соочуваат со терористички закани од американски државјани


Американскиот главен обвинител Ерик Холдер

Американскиот главен обвинител Ерик Холдер

Американскиот главен обвинител Ерик Холдер ги објасни основите по кои може да се одобри убиство на американски државјани кои живеат надвор од САД. Зборувајќи на Правниот факултет на Северозападниот универзитет во Чикаго, Холдер рече дека терористичка закана од американски државјани во странство, кои се вклучени во меѓународни терористички организации, „е меѓу најтешките со кои владините лидери може да соочат“.
Пред пет месеци, по убиството на радикалниот свештеник Анвар ал-Авлаки, американски државјанин поврзан со Ал Каеда, се појавија дилеми дали САД може да наредат ликвидација на сопствени државјани кои живеат во странство.
Холдерс изјави дека има тест од три дела со кој се утврдува во кој случај може да се нареди ликвидација на американски државјанин во странство – граѓанинот треба да претставува непосредна закана од насилен напад против САД, не е возможно да се фати и убиството треба да биде во согласност со законите за војување. Холдер рече несреќната реалност е дека САД веројатно ќе продолжат да се соочуваат со терористички закани, кои понекогаш ќе потекнат од американски државјани.
XS
SM
MD
LG