Достапни линкови

Две лица загинаа при бомбашки напад во Авганистан


Најмалку две лица загинаа при напад на бомбаш самоубиец во Авганистан кај американската база каде беа запалени копии од Куранот минатиот месец. Авганистанските власти јавија дека целта на нападот било возило на НАТО кое било паркирано пред базата во Баграм.
НАТО соопшти дека ниту еден војник не бил повреден при инцидентот. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG