Достапни линкови

Во Европа ни прекутрупа


Трибина на Македонскиот центар за европско образование.

Трибина на Македонскиот центар за европско образование.

Македонија е на почетокот во искористување на парите од европските програми на заедниците, покажува истражувањето на Македонскиот центар за европско образование.

Македонија генерално успешно учествува во европските програми на заедницата, но проектите се од помал обем и со помала вредност, се заклучува во истражувањето на Македонскиот центар за европско образование, насловен „Прекутрупа во Европа“. Претставникот на организацијата Бојан Марикиќ објаснува што претставуваат програмите на Заедницата.
Информациите од официјалните инстанци се - учеството е добро, ние извлековме повеќе пари од она што е платено како влезен билет, тоа е секако важно, меѓутоа не е решавачко за да се оцени успешноста на македонските корисници на програмата на Заедницата.

„Програмите на Заедницата се практично инструменти за создавање на некоја европска додадена вредност на актуелните политики или на оние кои допрва треба да се развиваа, многу повеќе на тие што допрва треба да се развиваат.“

Програмскиот координатор на центарот Наташа Јованова вели дека генерално постои задоволство од искористеноста на европските пари преку овие програми.

„Информациите од официјалните инстанци се - учеството е добро, ние извлековме повеќе пари од она што е платено како влезен билет, тоа е секако важно, меѓутоа не е решавачко за да се оцени Наташа Јованова, Македонски центар за европско образование.

Наташа Јованова, Македонски центар за европско образование.

успешноста на македонските корисници на програмата на Заедницата.“

Типичниот корисник е мала невладина организација со просечен буџет до половина милион евра, вели Јованова

„Што од аспект на голeмината на европските грантови е мал буџет и е секако препрека за обезбедување на извори за кофинасирање, просечната организацијa е обично невладина организација, локална самоуправа или универзитет, многу малку, скоро никакво учество на бизнис секторот, на малите и на средните претпријатија има некое мало учество само на јавните претпријатија.“

Во поглед на искористувањето на програмите Македонија е се уште кон почетокот, смета програмскиот асистент на МЦЕО Љупчо Петковски.

„Значи сите оние политики кои се таргетираат преку овие програми се само на едно почетно ново, се рудиментирани, несеопфатни, без индикатори за мерење, без јасни цели.“

Меѓу клучните препораки за владата се споменуваат: Донесување на Национален развоен план до 2020 година, подобрување на кофинансирањето како и на институционална подршка.
XS
SM
MD
LG