Достапни линкови

Потона грчки танкер, едно лице исчезнато


Грчките власти соопштија дека танкер кој превезувал над 2.000 тони гориво, потонал денеска западно од Атина, при што едно лице се води за исчезнато. Додека другите десет лица од екипажот се спасени.
Според властите, не е забележано истекување на гориво од танкерот, кој превезувал 1.800 тони сурова нафта и 235 тони дизел гориво.
Крајбрежната стража соопшти дека танкерот можеби удрил во остатоци од потонат брод.
XS
SM
MD
LG