Достапни линкови

Музејот за тутун во Прилеп раскажува за духот на времето


Експонати во Музејот на тутун во Прилеп.
Експонати во Музејот на тутун во Прилеп.

Витрините на прилепскиот Музеј за тутун ги красат вкупно 4.200 експонати кои, низ приказната за тутунот, раскажуваат за духот на времето ширум светот.

Почнувајќи од најстариот експонат, кој датира од 2 век пред наша ера, мариовската луличка, за уживање психотропни печурки, кои ги пушеле луѓето особено на денот на слободата, по примерот на Рим и Грција во чест на богот Крони, па до пурата која во 1972 година, Тито му ја подарил на Ѓорѓи Цаца на Бриони, витрините на прилепскиот Музеј за тутун ги красат вкупно 4.200 експонати кои низ приказната за тутунот, раскажуваат за духот на времето ширум светот.
Немаме уште од Северна Америка експонати, таму не сме биле. Има туристички експонати, но ние не купуваме такви, бараме тие да бидам оригинални. Последниве години набавивме голем број, значи над 600 експонати.
Александар Цветкоски, кустос.

„Немаме уште од Северна Америка експонати, таму не сме биле. Има туристички експонати, но ние не купуваме такви, бараме тие да бидам оригинални. Последниве години набавивме голем број, значи над 600 експонати. Некои од нив се многу вредни, некои ги краселе изложбените салони на Елисејските полиња на пример во Париз. Имаме многу интересни експонати, дури имаме од Индокина, една машина од 30-те години на минатиот век за виткање пури“, вели Александар Цветкоски,
Експонати во Музејот на тутун во Прилеп
Експонати во Музејот на тутун во Прилеп
виш кустос во Музејот.

И изложените и артефактите кои се чуваат во депоата на Музејот се поврзани со луксузот, кој е орнаментиран. Меѓу фетишите на тутунската индустрија има барокни, рококо, класицизам, преубави табакери во стилот на сецесија, дури и „миле фијори“ во ниело паста, нема веќе живи луѓе кои ги работат тие техники. Експонатите се изработени од злато, сребро и платина. Други пак
Нас не интересира приказната, носителот, не само колку е старо, туку и од која личност е, како таа личност котира низ историјата, дали е интересна за историјата. Знаете дека има и цареви кои се досадни, а има и обични жени, кои брагодарејќи на тоа што биле љубовници на познати биле така да кажам на своја рака, се интересни за историјата.
Александар Цветкоски, кустос.

од слонова коска, коска од носорог, морж, морски лав, бројни се оние одмершам, порцелан, нефрит, полудраги и драги камења, орнаментирани со сафири, опали, уралски дијаманти.

„Со развивањето на документаристичката вредност, на што овој Музеј инсистира и мислам дека во тоа сме подобри од другите музеи во светот. Нас не интересира приказната, носителот, не само колку е старо, туку и од која личност е, како таа личност котира низ историјата, дали е интересна за историјата. Знаете дека има и цареви кои се досадни, а има и обични жени, кои брагодарејќи на тоа што биле љубовници на познати биле така да кажам на своја рака, се интересни за историјата“, истакнува Цветкоски.

На овој начин се зголемува атрактивноста и уникатноста,на единствениот Музеј за тутун на Балканот и втор во Европа, за кој што пред 3 и повеќе децении биле вложени 13 милиони германски марки. Затоа тој е во агендата на преку 10.000 туристи годишно.

„Музејот за тутун е влезен во најголемите водичи, како што е францускиот и германскиот „Ла пети футе“, вели кустосот Цветкоски.

За да се стави на „допир“ на окото на љубителите на ваквите туристички приказни, надлежните за Музејот со поддршка на локалната самоуправа планираат дислоцирање на поставката од Институтот за тутун, што се наоѓа надвор, во строгиот центар на градот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG