Достапни линкови

logo-print

Арифи во Брисел ја претстави Националната стратегија за оваа година


Вицепремиерката Теута Арифи

Вицепремиерката Теута Арифи

Вицепремиерката Теута Арифи денеска пред претставници на Европската комисија во Брисел ја презентираше Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за оваа година. Според неа, денешната средба била одлична можност за појаснување на темите во претстојниот дијалог меѓу Македонија и Унијата, што ќе го водат премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе и кој треба да започне на 15 март во Скопје.
Во Националната стратегија се опфатени политичките и економските критериуми, реформите во јавната администрација и судството, како и дијалогот со преставниците на медиумите и реформите поврзани со изборниот процес.
XS
SM
MD
LG