Достапни линкови

Груевски ги повика индиските бизнисмени да инвестираат во Македонија


Премиерот Никола Груевски при презентацијата во Њу Делхи

Премиерот Никола Груевски при презентацијата во Њу Делхи

Премиерот Никола Груевски денеска во Њу Делхи ги повика индиските бизнисмени да ја посетат Македонија и да ги искористат можностите за инвестирање, а за нивна реализација вети поддршка од владините институции. Груевски се осврна и на реформите на деловното окружување во изминатите 6 години во Македонија, и нивното вреднување од страна на реномираниот Дуинг бизнис извештај на Светската банка за 2012 година, притоа ги запозна бизнисмените со економските политики и инвестициските предности.
Презентации пред индиските бизнисмени имаа и министерот за финансии Зоран Ставревски, министерот за странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.
XS
SM
MD
LG