Достапни линкови

Лидерите на поранешните советски републики му честитаа на Путин


Рускиот премиер Владимир Путин по победата на претседателските избори

Рускиот премиер Владимир Путин по победата на претседателските избори

Лидерите на поранешните советски земји ја поздравија победата на премиерот Владимир Путин на претседтелските избори во Русија. Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев изјави дека се надева оти лидерството на Путин ќе ги зацрвсти односите меѓу двете земји.
Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон ја нарече победата на Путин доказ за поддршката на Русите на нивниот лидер. Според него, Путин има јасно поставен курс за натамошниот развој на Русија.
Ерменскиот претседател Серж Саркисиан изјави дека верува оти Путин ќе го продолжи билатералното стратешко партнерство со земјата и ќе помогне за зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста во јужен Кавказ.
Азербеџанскиот претседател Илхам Алијев му честиташе на Путин и го пофали за постигнувањето на економска и социјална стабилност на Русија.
XS
SM
MD
LG