Достапни линкови

Започна судењето на поранешниот премиер на Исланд


Поранешниот исландски премиер Геир Хорде

Поранешниот исландски премиер Геир Хорде

Започна судењето против поранешниот исландски премиер Геир Хорде, кој е обвинет за финансискиот колапс на земјата во 2008 година, кој имаше негативни последици врз економијата. Трите најголеми банки пропаднаа, поради што Исланд западна во уште поголема рецесија.
Хорде негира дека донел погрешни одлуки и ги отфрли обвинувањата кои според него се политички мотивирани. Тој го предводеше Исланд од 2006 до 2009 година, когакоалицијата беше соборена, поради негодувањето на јавноста за кризата.
XS
SM
MD
LG